Здравствените власти во Германија сметаат дека причина за епидемијата со бактеријата ЕХЕК се никулците. Свежите домати, краставиците и салатата слободно може да се консумираат, објавија денеска властите во Германија.
Причинителот на епидемијата со бактеријата ЕХЕК е пронајден: никулците за кои веќе постоеше сомневање, со голема веројатност се виновни за досега 29-те жртви и големиот број заболени од мутираната цревна бактерија. Ова денеска го потврди претседателот на институтот Роберт Кох, Рајнхард Бургер, во Берлин, иако досега не е утврдено присуство на оваа бактерија во никулците.
„Одлучувачката информација за изворот ја добивме преку нова постапка, која ни‘ овозможи да го утврдиме епидемиолошкиот пат за причината за избивањето и да го ограничиме, со голема веројатност, во консумирањето на никулците.“
Оттука, претседателот на Сојузниот институт за проценка на ризици Андреас Хенсел препорача консумирање на сите видови зеленчуци со исклучок на свежите никулци: „Откако се укинуваат сите препораки за консумирање и предупредувања изречени врз основа на научни сознанија, институтот препорачува неограничено консумирање на сите производи, исто и домати, салата и краставици.“
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град