Американскиот претседател Барак Обама вчера во Белата куќа се сретна со ирачкиот премиер Нури ал Малики пред конечното повлекување на американската војска од Ирак, кое треба да заврши до крајот на годинава.
На заедничката прес-конференција по средбата Обама истакна дека САД и Ирак се на пат „да свртат страница и да започнат ново поглавје“ во меѓусебните односи.
– Тоа е историски момент. По околу девет години војната завршува, нов ден е пред нас и немојте никогаш да ги заборавите оние кои се заслужни за да ја имаме оваа можност, додаде американскиот претседател.
НАТО вчера објави дека до 31 декември од Ирак ќе ги повлече воените инструктори за обука.
И Обама и Малики имаат политички причини за завршување на присутноста на американската војска во Ирак. Објавувањето крај на војната во Ирак од страна на Обама го одобруваат 75 отсто од избирачите, вклучувајќи ги 48 проценти републиканци, што може да му помогне на претседателските избори во САД следната година. На Малики опозицијата му ја префрла поддршката на странската воена присутност, која ќе исчезне со американското повлекување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град