Кожни реакции по користење на кинески мебел во Британија

Над 2000 британци ќе добијат оштета поради тоа што добиле хемиски опекотини од седење на кинески мебел.

 |  Маја Савиќ  | 
kauc
кауч

dete so izgoreniciНад 2000 британци ќе добијат оштета поради тоа што добиле хемиски опекотини од седење на кинески мебел

Софите произведени од кинеските компании Линквајс и Еурософа, содржеле агенс наречен „фунгицидал“ или познат како хемиското соединение „диметрил фумарат“ кратенка латинична DMF. Овој агенс од страна на кинескиот производител бил додаден на мебелот со цел истиот да биде заштитен при долгиот транспорт да не привлече мувла.

Купувачите на кинескиот мебел во Британија добиле изгореници од софите иако седеле на истите со облека. Дел од оштетените купувачи се соочуваат и со сериозни оштетувања на видот, а дел имаат и потешкотии со дишните патишта.

Над 100.000 софи кои содржат DMF се продадени во Британија. Специфичен проблем била лекарската дијагноза на проблемот, многу луѓе помислисле дека имаат рак на кожата и дека умираат.

„Докторите не знаеле што не е во ред со луѓето, што предизвикало дополнителен синдром на паника. Некои од пациентите тврдат дек не знаењето психички ги уништило“ изјавуваат од адвокатскта фирма Расел Џонс од Лондон.

Судот донел одлука висината на оштетата да се движи помеѓу 1800 фунти до 13.500 во зависност од спогодбата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top