Автобус на компанијата „Житиа Турс“, со косовски регистарски таблички, доцна синоќа се преврте во Србија.
Автобус на компанијата „Житиа Турс“, со косовски регистарски таблички, доцна синоќа се преврте во Србија. Локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за линија што сообраќала на релација Приштина – Грац, а несреќата се случила во близина на Крушевац.
Засега сѐ уште нема официјални податоци за причините, но познато е дека пред излетувањето од патот автобусот нагло преминал на левата коловозна лента.
Во несреќата се повредени 17 патници кои се пренесени во ургентниот центар во Крушевац. Според РТС, само едно лице е потешко повредено.
Во текот на денов се очекуваат повеќе информации.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град