Конференција за западен Балкан

Конференција посветена на надминување на економската криза во земјите од западен Балкан, ќе се одржи в среда, во организација на Европската унија (ЕУ).

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Конференција посветена на надминување на економската криза во земјите од западен Балкан, ќе се одржи в среда, во организација на Европската унија (ЕУ).

kartaКонференцијата, на која ќе се разговара за финансиската и економската состојба во Југоисточна Европа и важноста од регионална соработка за излез од економската криза, ја организираат Шведска, како актуелен претседавач со ЕУ и Европската комисија, во соработка со Советот за регионална соработка.

Тема на конференцијата е „Надминување на економската криза – од регионална соработка до членство во ЕУ“.

Домаќини на конференцијата ќе бидат министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билт и еврокомесарот за проширување Оли Рен.

Најавено е учество на шефови на дипломатии и други владини претставници, како и експерти од земјите – членки на ЕУ; западен Балкан и други држави, како и на претставници н а меѓународни финансиски институции.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top