Коментари на грчките медиуми во врска со извештајот на Европската комисија

Прво решение за името на Македонија, па потоа членство во ЕУ, го коментира денеска атинскиот весник „Етнос“ извештајот на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Унијата.

 |  Крсте Голабовски  | 
vesnici
весници

Прво решение за името на Македонија, па потоа членство во ЕУ, го коментира денеска атинскиот весник „Етнос“ извештајот на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Унијата.
Атина смета дека решавањето на проблемот со името на Македонија е главен услов за процесот на преговори за приклучување на земјата кон ЕУ.

– Решавањето на овој проблем е услов за да може Грција да се согласи со членството на Поранешната Југословенска Република Македонија во ЕУ, изјави грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас, оценувајќи ја грчката позиција во спорот со Скопје како „национална црвена линија“.

весници„Вратата на скопје за Европа е отворена, нерешениот спор за името на ПЈРМ се смета како фундаментално важен и се препорачува негово брзо решавање, пишува весникот „Вима“.

Телевизискиот канал „Антена“ смета дека прашањето за името на Македонија нема големо влијание врз препораката на ЕК, која според овој медиум продолжува да го смета за меѓусебен спор.
Грчкиот весник „Нафтемборики“ наведува дека препораката на Комисијата не е обврзана со наоѓањето решение за проблемот со името на Македонија. Европската комисија продолжува да гледа на спорот како на прашање меѓу двете земји, кое Атина и Скопје треба да го решат со посредство на ОН, нагласува весникот.

Весникот „Катимерини“ пак коментира дека ЕК препорачала старт на преговорите со Македонија за да нагласи неопходноста од решавањето на спорот со името.

Во извештајот за Македонија се истакнува дека прашањето за името влијае на односите меѓу Скопје и Атина и дека со посредство на ОН треба да се најде взаемно прифатливо решение, кое ќе ги исполни принципите за добрососедство, објави весникот.

Македонија во декември 2005 година доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, но процесот на приклучување беше блокиран од Грција, која од 1991 година е против меѓународното признавање на Македонија под ова име, кое го смета за нејзино историско наследство.
Претходната грчка конзервативна влада во април минатата година го блокира добивањето покана на Македонија за членство во НАТО.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top