Бразилската морнарица на фрегата Босисио денеска ќе одржи комеморација на жртвите од несреќата на авионот на Ер Франс, откако ја прекина потрагата.
Бразилската морнарица на фрегата Босисио денеска ќе одржи комеморација на жртвите од несреќата на авионот на Ер Франс, откако ја прекина потрагата.
Морнарицата на Бразил во петокот ја прекина потрагата по телата и остатоците од урнатиот авион.
Авионот од типот Ербас А330 се урна во водите на Атланскиот океан ноќта меѓу 31 мај и први јуни на лет од Рио де Жанерио до Париз.
Никој од 228-те патници и членови на посадата, од вкупно 32 националности не ја преживеа несреќата.
Спасувачките екипи досега извадија тела на 51 патник, како и околу 600 парчиња од авионот.
Од друга страна Франција ќе продолжи да ги бара црните кутии, кои ќе емитуваат сигнал до втори јули, за да може да се расветлат причините за несреќата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град