Австралијанецот Лиам Варинер мора да плати 650 евра казна бидејќи лани есента и покажал гол задник на британската кралица која била во посета на земјата.
Му се судело за нарушување на јавниот ред и мир за време на посетата на кралицата на Австралија есента 2011 година. Момчето се појавило на суд во Брисбејн Австралија каде го признало делото, но на излегување од судница кажало дека ќе го повтори доколку Барак Обама дојде повторно да ја посети Австралија.
Варинер е осуден бидејќи доека поминувала поворката на британската кралица , тој ги симнал пантолоните и гол трчал педесетина метри покрај придружбата на кралицата.
Кога бил уапсен на полицијата и кажал дека и го покажал задникот на кралицата за да го искаже својот презир кон британското кралство и елита.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град