Годишниот индекс на шансите детето да доживее пет години, јасно покажува дека земјите кои имаат подобро школувани здравствени работници, имаат помала стапка на смртност кај децата. Од друга страна, процентот на смртност кај децата до пет години расте во земјите каде што здравствената помош е недостапна, се вели во извештајот.
Швајцарија го зазема првото место, по неа следат Финска, Ирска, Норвешка, Белорусија, Данска, Шведска, Куба, Узбекистан и Германија.
Меѓу првите 20 земји со најдобра здравствена заштита за децата се и Русија, Франција, Чешка, Велика Британија, САД, Казахстан, Австралија, Нов Зеланд и Литванија.
Од балканскиот регион, Словенија е на 21 – то место, Италија на 22, Словачка на 25, Австрија и Унгарија на 26 место.
Пред Македонија, која се наоѓа на 44 место на оваа листа, од бившите југословенски републики е и Хрватска, која го зазеде 36-тото место, додека Црна Гора е на 51, Србија на 54, а Босна и Херцеговина на 63-то место.
Дното на списокот, меѓу 20-те држави со најлоша здравствена заштита за децата, го држат 13 африкански земји, каде има малку повеќе од двајца здравствени работници на една илјада жители.
Анализата се базира на три показатели – бројот на лекари, болничари, бабици и други здравствени работници на една илјада жители, бројот на децата вакцинирани против дифтерија, тетанус и пертусис, како и бројот на бабици присутни на пораѓањето.
Во земјите со хроничен недостиг на здравствени работници, болестите како што се воспаление на белите дробови и дијарејата, што можат едноставно да се излекуваат, стануваат смртоносни болести, се заклучува во извештајот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град