Која ќе биде улогата на УНМИК

Идната улога на УНМИК ќе биде целосно политичка и ќе опфаќа некои одговорности во врска со односите Приштина – Белград.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Идната улога на УНМИК ќе биде целосно политичка и ќе опфаќа некои одговорности во врска со односите Приштина – Белград.

logoОва, го изјави портпаролот на администрацијата на Обединетите Нации во Косово – УНМИК, Расел Гики.

Портпаролот на УНМИК истакнува дека, иако намалена, важноста на мисијата на ООН во Косово ќе биде и во олеснувањето на интегративните процеси на Косово во меѓународните механизми.

Претставниците на администрацијата на Обединетите Нации во Косово велат дека по завршувањето на процесот за реконфигурација на мисијата, на крајот на јуни, стратешка цел на УНМИК ќе биде олеснувањето на процесите за гарантирање на безбедноста и стабилноста во Косово и во Балканот.

Независно од реконструкцијата на УНМИК, косовските власти ги оценуваат функциите на оваа администрација како непостоечки, прифаќајќи ја поддршката на мисијата ЕУЛЕКС во судството, царината и полицијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top