Кој е во трка за папскиот престол?

Шеесет и четиригодишниот кардинал Петер Турксон од Гана, во медиумите во последните денови најчесто се споменува како кандидат за нов папа.

 |  Голабовски Крсте  | 
Peter Turkson
Петер Турксон

Шеесет и четиригодишниот кардинал Петер Турксон од Гана, во медиумите во последните денови најчесто се споменува како кандидат за нов папа.

Тој нагласува дека кој и да го наследи Бенедикт XVI ќе има мошне тешка задача.

Peter Turkson“Премногу би ми значело да станам нов папа. Доколку ме изберат тоа за мене ќе значи пред се’ лична промена. Иако како надбискуп имам голема одговорност ова се размери кои тешко може да се замислат“, рекол Турксон, додавајќи дека доколку биде избран ќе се држи цврсто до католичката доктрина, но и во исто време ќе се потруди на луѓето да им покаже како да живеат со верата во реалниот живот.

Тој зазел одлучен став кога се во прашање истополни бракови и, како што ги нарекува, “алтернативни начини на живот“.

“Јасно ми е дека мора да пронајдеме начин да се носиме со вакви предизвици во животот. Мора да работиме на евангелизација и преобразување, не смееме да попуштаме“, додал Турксон.

Турскон на јавноста и’ бил познат кога објавил контроверзно видео во кое говори како кондомите не се соодветен одговор за ширење на ХИВ вирусот во Африка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top