Рускиот премиер Владимир Путин кој гради стил на мачо политичар покажувајќи борби со тигри и фалејќи се со својот црн појас во џудо, при завчерашната посета на Украина изгледаше како да му треба ладна облога за окото.
Главна вест во Руските медиуми е Путиновата модринката на окото. Украинските, Руските и новинарите од западните земји се прашуваат како дошло до неа. Новинарите велат дека Путин никогаш немал навика да се шминка пред јавен настап, а во Украина осамна со тешка пудра на окото под која се назираше модринка. Дали Рускиот премир имал фејслифтинг или лошо поминал тренирајќи џудо?
Од протоколот на премиерот негираат дека станува збор за модринка. Едноставно Путин бил уморен при посетата на Украина и имал подочнаци а за се да изгледа полошо се погрижило лошото осветлување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град