Последното филмско издание за Џејмс Бонд „Skyfall“ е прогласен за филм на годината, одлучи британската публика во рамките на доделувањето на Бритиш Филм Авард.
Последното филмско издание за Џејмс Бонд „Skyfall“ е прогласен за филм на годината, одлучи британската публика во рамките на доделувањето на Бритиш Филм Авард. „Skyfall“ ја освои и наградата за најдобра филмска фотографија.
– Лондон Ивнинг Стандард Бритиш Филм Авардс го слави успехот на британските филмови. „Skyfall“ е вистински британски филм на кој Холивуд може да му позавиди. Прикажа креативност, визија и талент на новата генерација на британски режисери и актери, рече Сара Сандс, уредник на Ивнинг Стандард.
Саша Барон Коен, познат и како Али Г. Борат и Бруно, ја доби наградата за извонреден успех.
Наградата за најдобар актер ја доби Тоби Џонес за улогата во филмот „Berberian Sound Studio“.
Најдобра актерка во 2012 година беше Андреа Рајсбору, која ја играше улогата на терорист и таен агенге во фимот „Shаdow Dancer“.
Церемонијата за доделување на наградите позната под наслов Лондон Ивнинг Стандард Бритиш Филм Авардс е одржана во Лондонскиот филмски музеј.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град