Кога очите се премногу секси

Во Саудиска Арабија е предложен закон според кој „жените со атрактивни очи“ ќе мораат и нив да ги пoкриваат со шамија.

 |   | 
burka
бурка

Во Саудиска Арабија е предложен закон според кој „жените со атрактивни очи“ ќе мораат и нив да ги пoкриваат со шамија.

Оваа екстремно конзервативна држава образложи дека има право да забрани „привлечните“ очи да се покажуваат во јавноста. Одборот за промоција на исламските вредности, кој е предлагач на овој закон, поткрепа за ваквиот бесмислен предлог наоѓа во еден случај пред многу години, кога наводно, заради „атрактивни“ очи во едно училиште загинале 15 деца.

Инаку, во Саудиска Арабија жените немаат право ниту автомобил да возат. Но, се разбира, земјите од Западот на кои Сауидиска Арабија им е верен сојузник во воените операции и во економијата, не упатуваат критики ниту пак се залагаат за санкции или за уривање на режимот. За разлика од оваа земја, во Либија во годините на владеење на Моамер Гадафи, на жените не им беше забрането да се облекуваат модерно или атрактивно, тие студираа, патуваа, менаџираа со компании, раководеа со воени единици, а и самиот Гадафи имаше обезбедување составено од специјално обучени жени полицајци. Но, НАТО изврши воена операција која доведе до уривање на неговото владеење, а потоа и до физичка ликвидација од најварварски вид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top