Клуни сведок на Берлускони

Џорџ Клуни и неговата девојка Елизабета Каналис ќе треба да  сведочат во одбрана на премиерот.

 |   | 
George and Liz
Џорџ Клуни и Елизабет Каналис

GeorgeЏорџ Клуни и неговата девојка Елизабета Каналис ќе треба да  сведочат во одбрана на премиерот.

Двојката се нашла на листата со 78 сведоци затоа што танчерката Карима Ел Махруг, заради која му се суди на италијанскиот премиер, рекла дека ги видела на една од забавите во Милано минатата година.

Девојката на Клуни, Елизабета Каналис ги негира овие тврдења, но италијанските медиуми постојано го потенцираат фактот што актерот има вила во близина на “куќата на оргии” на Берлускони.

Почетокот на судењето е закажано за 6-ти април, а за тоа како ќе изгледа финалниот список со сведоци зависи од судиите. Одбраната побарала да сведочат и министерот за надворешни работи Франко Фратини, топ моделот Белен Родригез, ТВ презентерката Барбара д’Урсо и уште десетици други старлети.

На листата на обвинителите има 136 сведоци, вклучувајќи ја Руби и 32-те жени со кои Берлускони наводно имал секс на бунга-бунга забавите.

Berluskoni

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top