Опозицијата во Киргистан формира преодна влада, претседателот во бегство

Опозицијата во поранешната советска република Киргистан утринава соопшти дека под нејзина контрола е најголемиот дел од територијата на земјата и вооружените сили и пограничните единици.

 |   | 
Kirgistan
Киргистан

KirgistanОпозицијата во поранешната советска република Киргистан утринава соопшти дека под нејзина контрола е најголемиот дел од територијата на земјата и вооружените сили и пограничните единици. Опозицијата формирала и преодна влада на чело со Роза Отунбајева која утринава соопшти дека по вчерашните крвави протести, претседателот на државата Курбанбек Бакијев е во бегство и најверојатно се наоѓа во неговиот роден крај во регионот Џалалабад. Таа изрази подготвеност за преговори со Бакијев со цел тој мирно да се откаже од власта. Во судирите во главниот град Бушкек според различни извори загинале меѓу 40 и 100 лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top