Кинез невин одлежал 10 години затвор

Кинезот Џао Џуаи, кој одлежа 10 години затвор заради убиство, е ослободен откако наводната жртва се појави жива и здрава.

 |  Маја Савиќ  | 
zatvor
затвор

zatvorКинезот Џао Џуаи, кој одлежа 10 години затвор заради убиство, е ослободен откако наводната жртва се појави жива и здрава.

Џуаи бил затворен во 2002 година заради убиство на својот сосед, наводно сторено во 1997 година, во едно село во централната провинција Хенен, јави Ксинхуа, повикувајќи се на соопштение на судот.

Соседот исчезнал по нивната свадба во октомври 1997 година, а Џао е обвинет кога по 18 месеци било пронајдено едно обезглавено тело во распаѓање.

Џао првично бил осуден на смрт, но казната му била сменета во 29 години затвор.

Наводната жртва Џао Џенсанг, во своето село се вратил на 30 април и откако го потврдил  својот идентитет судот во петокот го ослободил неговиот „убиец“.

Џао Џенсанг (56) за Ксинхуа изјавил дека тој и Џао Џуаи биле добри пријатели, но дека потоа се скарале поради жена и пари.

Тој изјавил дека селото го напуштил од страв од одмазда откако го удрил Џуаи, а не се враќал дома бидејќи немал доволно пари и од срам.

Еден соселанец за агенцијата изјавил дека сопругата на Џуаи се премажила, а додека тој бил во затвор неговите две деца биле посвоени.

Вишиот народен суд во провинцијата Хенан нареди истрага за случајот и наложи судиите кои учествувале во изрекувањето на првичната пресуда да бидат казнети.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top