Кинеските власти воведуваат присилна стерилизација на населението

Здравствените служби во градот Пунинг во јужна Кина планираат да стерилизираат околу 10 000 луѓе во следните 4 дена како дел од програмата за контрола на популацијата, пренесува Скај њуз.

 |  Маја Савиќ  | 
deca
деца

bebinjaЗдравствените служби во градот Пунинг во јужна Кина планираат да стерилизираат околу 10 000 луѓе во следните 4 дена како дел од програмата за контрола на популацијата, пренесува Скај њуз.
Кампањта ќе се спроведува кај луѓе кои веќе имаат  најмалку едно дете. Властите подготвиле и остри мерки против оние кои ќе одбиваат да се стерилизираат.

Кинеските медиуми пренесуваат дека на многумина кои што одбиле да се стерилизираат им ги киднапирале родителите или некои од роднините.
Стотина луѓе во Пунинг веќе се во заробеништво.
Светското движење за човекови права Амнести интернешнл смета дека присилната стерилизација може да се смета за еден вид мачење.

Хуанг Руифенг , татко на три девојчиња ја одбил операцијата.
„Пред неколку дена еден службеник ме повика и ми кажа дека јас и сопругата треба да се стерилизираме. Во спротивно ми се закани дека ќе го одведат татко ми“-изјавил Хуанг за локален медиум. Локалните власти си го исполниле ветувањето . Го киднапирале неговиот татко.
Според законот кој владее во Пунинг, фармерите смеат да имаат уште едно дете само  ако првото е девојче.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top