Кинески вселенски зелен зајак

Кина на почетокот на декември ќе го испрати на Месечината своето прво беспилотно летало со возило заради истражување на површината на земјениот сателит.

 |  Голабовски Крсте  | 
zajak
зајак

Кина на почетокот на декември ќе го испрати на Месечината своето прво беспилотно летало со возило заради истражување на површината на земјениот сателит.

Со мисијата за слетување на Месечината „Чанге 3“ Кина ќе го исполни долгогодишниот сон за лунарното истражување на вселената – рекол портпаролот на државната управа за наука, технологија и индустрија во секторот за национална одбрана Ву Џи Џијан.

modulКинезите веќе ја фотографирале површината на Месечината за да се подготват за успешно слетување на беспилотното летало.

Научниците бараат начин за меко слетување на површината, а потоа возилото да почне да го истражува тлото.

Возилото за лунарното истражување го добило името „Јуту“, што на кинески јазик значи зелен зајак, што е симбол мотивиран од кинескиот фолклор.

Кина во јуни успешно ја изврши својата последна мисија во вселената, кога успешно престојуваа тројца астронаути цели 15 дена во орбитата. Сепак, Кина многу заостанува зад вселенските сили САД и Русија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top