Во Кина се тргува со деца како со алва

Трговијата со луѓе, вклучувајќи крадење и продажба на деца, зема епидемични размери во Кина, а полицијата е немоќна да го запре овој тренд, пишува германскиот весник „Шпигел“.

 |  Маја Савиќ  | 
deca Kina
деца Кина

Трговијата со луѓе, вклучувајќи крадење и продажба на деца, зема епидемични размери во Кина, а полицијата е немоќна да го запре овој тренд, пишува германскиот весник „Шпигел“. Дополнителен проблем е корупцијата која ја забрзува трговијата, па очајните родители со здружени сили трагаат по своите синови и ќерки. Но, нивните напори не вродуваат со плод. Еден од Кинезите што го загубиле своето дете е Гуо Гангтангаг, кој продава сушени декорации од тиква во трговски центар во Пекинг. Неговото дете беше украдено пред 13 години и оттогаш него го мотивира само една желба – да го пронајде својот син.  Денот кога светот се распадна за Гуо и за неговата жена почнал како и обично. Тој живеел во село на брегот од провинцијата Шандонг, каде што работел како возач, превезувајќи градежен материјал на неговиот трактор. Неговиот живот се променил на 21 септември 1997 година кога неговиот две и пол годишен син си играл пред куќата. Тогаш непозната жена го покрила лицето на малото момче и заминала. Од тогаш му се губат трагата и гласот.

bebinja Kina

Додека да ги однесат кај купувачот, киднаперите најчесто ги ставаат децата под седативи. Често нивните мали тела се немоќни да ги издржат тешките дроги и умираат. За тоа сведочат и многубројните мртви тела на деца кои се најдени во автобуси или во возови.
Купувачи на деца има и во Пекинг и во Шангај, а не само во руралните средини. Многу Кинези се обидуваат да имаат деца, но имаат здравствени проблеми кои ги спречуваат да зачнат. Посвојувањата се комплицирани, а повеќето деца во сиропиталиштата се со ментални проблеми. Политиката на Пекинг за едно дете не го спречува цутењето на бизнисот. Напротив, семејствата кои имаат едно дете најчесто купуваат уште еден син или уште една ќерка. Тоа е профитабилен бизнис за киднаперите, кои наплатуваат по 4.000 евра за машко и по 2.000 евра за женско дете. Тие дури даваат и специјални попусти за богатите купувачи, па едно киднапирано дете може да го продадат и за 80 евра.
Стручњаците пресметале дека годишно во Кина исчезнуваат меѓу 30.000-60.000 бебиња, деца и адолесценти. Тие се киднапирани, па продадени, често завршуваат како робови во работилниците или, пак, работат во бордели.
Полицијата формира специјални единици за борба со трговијата со луѓе, пред се, против киднапирањето деца и жени. Секоја година успева да пресечи некој од синџирите за продажба, но, сепак, според официјалната статистика, во 2009 година полицијата успеала да спаси само 3.400 деца. Во некои случаи дури по 24 часа се констатира исчезнувањето на децата, време за кое киднаперите се веќе далеку од местото на настанот. Киднапирањето деца е еден од најтажните аспекти на Кина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top