Киднапираните странски државјани во Јемен, пронаједни мртви

Деветмината странски државјани, кои минатата недела беа киднапирани во Јемен, се пронајдени мртви и по се изгледа се убиени од лицата, кои ги киднапираа, изјави анонимен претставник од јеменските сили за безбедност.

 |  Крсте Голабовски  | 
zaloznici
заложници

Деветмината странски државјани, кои минатата недела беа киднапирани во Јемен, се пронајдени мртви и по се изгледа се убиени од лицата, кои ги киднапираа, изјави анонимен претставник од јеменските сили за безбедност.

vojniciГерманскиот лекар, неговата сопруга и нивните три деца, еден Британец и неговата сопруга по потекло од Јужна Кореја и две германски медицински сестри изчезнаа минатата недела во северниот регион Саада, додека биле на пикник.
Обезглавените тела на три жени се пронајдени претходно денеска од страна на овчари во близина на градот Нашур, познат како засолниште на екстремистите од Ал Каеда.
Според јеменските власти киднапираните работеле во меѓународна организација, која веќе 35 години и помагала на една болница во Саад.
Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека не може да ја потврди информацијата за смртта на германските државјани.
Јужнокорејското МНР, пак соопшти дека ја идентификивало Јужнокорејската Еом, која била хуманитарен работник во Јемен.
Племенски лидер, кој посакал анонимност изјави дека зад киднапирањето и убиствата стои Ал Каеда.
Во Јемен, која е најсиромашната арапска држава, во изминатите 15 години се киднапирани повеќе од 200 странци, но поголемиот број од нив се ослободени.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top