Киднапирал авион, за да добие азил

На аеродромот во Женева утрово принудно слета етиопски авион со повеќе од 200 патници и членови на екипажот. Киднаперот – копилотот на авионот бара азил во Швајцарија.

 |  Голабовски Крсте  | 
avion
авион

На аеродромот во Женева утрово принудно слета етиопски авион со повеќе од 200 патници и членови на екипажот. Киднаперот – копилотот на авионот бара азил во Швајцарија.

avionКиднапирањето на патнички авион од Етиопија мина без поголеми последици. По безбедното слетување повеќе од 200 патници и членови на екипажот без никакви повреди го напуштија авионот.

Според информации на швајцарсакта полиција копилотот своеволно ја презел командата врз авионот, кога капетанот бил во тоалет. Копилотот потоа издејствувал принудно слетување во Женева. Потоа тој се спуштил со сајла од кокпитот и ѝ се предал на полицијата. Тој барал азил во Швајцарија или најмалку гаранција дека нема да биде испорачан на Етиопија. Тој чувствувал закана во својата татковина, се изјаснил копилотот.

Авионот кој полета од главниот град на Етипопија Адис Абеба требаше да слета во Рим.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top