Непал побара финансиска и техничка помош од меѓународни донатори со цел да може одново да ја измери висината на Монт Еверсет, со што конечно би се ставил крај на повеќегодишниот спор со Кина околку точната висина на највисокиот врв на светот.
Непал побара финансиска и техничка помош од меѓународни донатори со цел да може одново да ја измери висината на Монт Еверсет, со што конечно би се ставил крај на повеќегодишниот спор со Кина околку точната висина на највисокиот врв на светот.
– Непал не располага со довопно технички, научни и парични средства за да може сам да го измери Монт Еверест. Потребна ни е меѓународна поддршка, во вид на опрема, научно истражување и стручна помош за анализа на податоците, изјави директорот на напалскиот статистички институт Кришна Раџ.
Висината на Монт Еверест првпат е измерена во 1856 година, но подоцна таа е корегирана со нови мерења. Според тврдењето на Непал, кој се повикува на мерења што ги извршиле индиски експерти во 1954 година, Монт Еверест е висок 8.848 метри. Но, Кина тврди дека нејзини експерти во 2005 година утврдиле дека Монт Еверест е висок 8.844,43 метри.
Од друга страна, според мерењата со помош на сателитска технологија што во 1999 година ги извршиле експерти на Друштвото за национална географија од Вашингтон и на бостонскиот Научен музеј, Монт Еверест е висок 8.850 метри. Но, овие истражувачи се оградуваат од точноста на ова мерење, тврдејќи дека не можат прецизно да ја утврдат дебелината на снежната покривка на врвот.
Осум од 14-те највисоки врвови во светот се наоѓаат во Непал или долж неговите граници со Кина и Индија. Планинарите кои последниве години се исклчиле на Монт Еверест тврдат дека е видливо намалувањето на глечерите околу врвот и дека снегот полека исчезнува од падините на Хималаите под него.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град