Ќе дозволи ли Бундестагот генетска анализа за „дете по желба“?

Германскиот парламент денеска одлучува за тоа дали треба да се дозволи преимплантациона дијагностика (ПИД). Расправата е жестока, зашто во процесот на вештачко оплодување се крие и можност за создавање „дете по желба“.

 |   | 
bebe
bebe

Германскиот парламент денеска одлучува за тоа дали треба да се дозволи преимплантациона дијагностика (ПИД). Расправата е жестока, зашто во процесот на вештачко оплодување се крие и можност за создавање „дете по желба“.

bebe

Станува збор за медицински метод кој не е нов, туку се користи веќе две децении. Но, сознанијата од анализата на човечкиот генетски материјал (ДНК) отвори големи можности за анализа на вештачки оплодена јајце клетка уште пред таа да биде всадена во мајчината утроба.

Колку и да звучи привлечно таквата „генетска контрола“ на оплодената јајце клетка, останува отворено прашањето – што е со плодот кој не задоволува некои критериуми на амбициозните родители? Дали тој мора да заврши во отпад само затоа што нема вистински пол или затоа што би требало да има црна коса, а нема?

Расправата во германскиот парламент за дозвола или забрана на вакви дијагностички методи е оптоварена и со искуствата од минатото. Во најмрачниот перид на земјата, нацистите ширеле монструозни идеи за „чиста раса“. Оттука, не е тешко да се соберат многу застапници за забрана на каков било „инженеринг“ на бебиња уште пред тие да бидат родени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top