• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Свет
  • Поранешниот израелски претседател, Кацав осуден на 7 години затвор поради силување

Поранешниот израелски претседател, Кацав осуден на 7 години затвор поради силување

Израелскиот Врховен суд ја потврди пресудата, донесена во првата судска инстанца за поранешниот претседател Моше Кацав за силување и сексуално вознемирување.

 |   | 
katzav
katzav

katzavИзраелскиот Врховен суд ја потврди пресудата, донесена во првата судска инстанца за поранешниот претседател Моше Кацав за силување и сексуално вознемирување.

– Без сомневање имало силување, бидејќи сексуалните односи не се остварени со взаемна согласност, дури и доколку имало романтични врски, наведоа во одлуката тројцата судии од Врховниот суд.

Со оваа одлука Врховниот суд ја отфрли жалбата на Кацав, кој ќе треба да отслужи затворска казна.

Кацав во декември беше проглсен за виновен и осуден од суд во Тел Авив за силување на поранешна негова службеничка, додека бил министер и за сексуално вознемирување на други две службенички додека бил претседател. Во март судот во прва инстанца го осуди на седум години затвор, но Кацав остана на слобода до разгледувањето на пресудата од Врховниот суд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top