Катастрофален пожар во Русија, 102 жртви

Вкупно 102 лица го загубија животот во пожар што избувна во еден бар во рускиот град Перм во близината на Урал, соопшти руското министерство за вонредни состојби.

 |  Крсте Голабовски  | 
zrtvi
жртви

Вкупно 102 лица го загубија животот во пожар што избувна во еден бар во рускиот град Перм во близината на Урал, соопшти руското министерство за вонредни состојби.

klub Пожарот што избувна во петок доцна навечер најверојатно го предизвикале пиротехнички направи кои го запалиле покривот на барот, по што пламените јазици го зафатиле и другиот дел од барот во моментот додека во него се наоѓале околу 200 луѓе.
Медиумите првично јавија дека настрадале 100 луѓе, а поради труење со чад се задушиле 60-мина други кои итно биле префрлени во болница. Сепак овие информации од медиумите не биле службено потврдени.
Противпожарните стандарди ретко се почитуваат во Русија, па така во последните неколку години имаше неколку катастрофални пожари во домови за старци, во болници и во угостителски објекти.
Градот Перм има 1.2 милион жители и е шести по големина град во Русија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top