Грчкиот премиер Костас караманлис најави дека нема да поднесе оставка на лидерското место во неговата Нова демократија, во случај партијата да загуби на предвремените парламентарни избори на 4 октомври.
„Додека се чувствувам корисен, ќе останат на првата линија на битките и идеалите“, изјави караманлис на прес конференција во неделата во Солун.
Караманлис наведе дека одлуката да побара „нов мандат од народот“ не е ништо друго освен „национален интерес“.
Последните анкети на јавното мислење во Грција покажуваат стабилна предност од пет до шест проценти за опозиционата социјалистичка партија Пасок пред конзервативците на Караманлис.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град