Капитализмот го уништил животот на Марс

Научнофантастичните теории на Чавез.

 |  Маја Савиќ  | 
chavez
Чавез

Од сите злосторства за кои до сега Чавез го има обвинето капитализмот, веројатно најсериозно е она дека заради капитализмот нема живот на Марс.

“Отсекогаш сум велел дека е можно да имало цивилизација на Марс, но можеби капитализмот и империјализмот стигнале и таму, и ја докрајчиле планетата,“ изјавил Чавез, без да даде некаков знак дека се шегува.

За Марс Чавез коментирал за време на говор по повод Светскиот ден на водата, напоменувајќи дека верува во тоа дека на црвената планета се откриени траги од вода.
Chavez
“Внимавајте! И овде на Земјата каде пред стотици години имало огромни шуми и реки, сега има пустини… Воената интервенција против Либија исто така е за вода и резерви на нафта,“ додал венецуелскиот претседател.

Претходно месецов американскиот Национален совет за истражување препорача дека на НАСА приоритет треба да и биде испраќање на робот на Марс за да се утврди дали на планетата постоеле знаци на живот.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top