Канцерогени состојки во млеко во Словенија

Во млеко од неколку фарми во Словенија најдени се траги од афлатоксини и млекото морало да биде уништено. Ветеринарната Управа испитува дали дел од таквото млеко се појавило и во продажба, јавија словенечки медиуми.

 |   | 
mleko
mleko

mlekaraВо млеко од неколку фарми во Словенија најдени се траги од афлатоксини и млекото морало да биде уништено. Ветеринарната Управа испитува дали дел од таквото млеко се појавило и во продажба, јавија словенечки медиуми.

– Досега се уништени неколку илјади литри млеко. Штетата е огромна, но здравјето на потпрошувачите е поважно – изјави Вида Чадонич Шпелич, директор на националната ветеринарна управа за ПОП-Тв.

Афлатоксин е најден првично во свежо млеко од една фарма во околина на Блед по информација од Италија каде било продадено. Подоцна од таа фарма е забранета продажбата. Утврдено било дека извор на траги од токсинот е пченкарно сточно брашно од еден словенечки производител.

Сточната храна ја имало и на неколку други фарми. Љубљанска млекарна соопшти дека еден нивни производител користел таква сточна храна и по извршени анализи, утврдено е дека не се присутни траги на токсин во тоа млеко.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top