Во Канада се одржуваат предвремени парламентарни избори

Во Канада денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, кои претставуваат тест за владејачките конзервативци по судирот со последиците од светската финансиска криза.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kanada premier
Kanada premier

Во Канада денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, кои претставуваат тест за владејачките конзервативци по судирот со последиците од светската финансиска криза.

Канадскиот премиер Стивен Харпер, чија Влада нема мнозинство во Долниот дом на Парламентот, ги закажа изборите со цел да го обезбеди мнозинството, имајќи ја предвид потребната предноста која ја има неговата Конзервативна партија на Канада во испитувањата на јавното мислење.

izbori KanadaИнститутот „Харис/Десима“, кој на почетокот на предизборната кампања им одредуваше на конзервативците 41 отсто од гласовите, минатата недела резултатите покажаа 31 процент наспроти 27 отсто за главната опозициска партија Либералната партија на Канада, чиј лидер е Стефан Дион.

Социолошкиот институт „Наноус“ прогнозира разлика од четири отсто во корист на владејачката политичка сила.
Друг важен фактор во канадската политика, сепаратистичкиот Квебекски блок, исто така забележува пораст во поддршката, што произлегува од решението на конзервативците да ги намалат субвенциите за култура. Партијата, која има пратеници само од една од вкупно десетте канадски провинции, тврди дека единствено таа е способна да ја спречи владејачката партија да освои апсолутно мнозинство во Парламентот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top