Како Маргарет Тачер ја замислувала Третата светска војна

Советскиот Сојуза ја гази СФРЈ, а потоа НАТО нуклеарно ја уништува цела Источна Европа.

 |   | 
Tacher
М Тачер

Британските медиуми објавија тајни документи за воена вежба во која на почетокот на 80-те години учествувале и членови на владата на “Iron lady“(Челичната Дама)

Велика Британија под водство на Маргарет Тачер најсериозно се подготвувала за третата светска војна, покажуваат документите кои се објавени во јавноста после 30 години.Како и Првата светска војна и ова би требало да започне во Југославија, открива британскиот Daily Mail. Во случај на потреба, Британија била спремна да изведе нуклеарен напад на земјите од “Железната завеса“ но не и на Советски Сојуз.

За време на најголемите тензии помеѓу Истокот и Западот, после советската офанзива врз Афганистан, државните службеници во Велика Британија секои 2 години учествувале во воени вежби. Весникот дошол до “Воената книга“, скрипта на вежби изведени во март 1981 година, 10 месеци после смртта на Тито. Колку биле сериозни, покажува и податокот дека гигантската воена игра траела две седмици.

Tacher na tenk

Во тоа време СССР ја води остарениот Брежњев, а САД, Реган. Односите ја достигнаа најниската точка од Кубанската криза кога светот беше на прагот на нуклерна војна.

Сценариото накратко:
1.ден
Војната започнува со натрупување на силите на Варшавскиот пакт на границите на Југославија

3.ден
NATO праќа засилување на своите сили во Германија и Скандинавија

5.ден
Варшавскиот пакт ја напаѓа Југославија а Ирак го напаѓа северот на Турција

7.ден
20 дивизии на СССР ја окупираат Југославија

8.ден
Први воздушни напади на Велика Британија, Лондон прогласува војна на СССР

11.ден
Русите го окупираат северот на Норвешка, превласт во борбите во германија, Грција, Турција, Италија…

12.ден
Генералот на NATO бара нуклеарни напади на 26 цели во Источна Европа, Тачер “одобрува“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top