Австриецот Јозеф Фрицл денеска е осуден на доживотна казна затвор за силување и убиство.
Австриецот Јозеф Фрицл денеска е осуден на доживотна казна затвор за силување и убиство.
Поротата едногласно го прогласи Фрицл за виновен за силување и за убиство на едно од седумте деца кои ги има со својата ќерка која 24 години ја држеше во заробеништво.
Судот во австрискиот град Санкт Полтен соопшти дека тој треба да го помине остатокот од својот живот во институција за ментално здравје, откако неговиот психијатар предупреди оти 73-годишниот Фрицл се чувствувал „роден да силува“.
Фрицл претходно денеска, на последниот ден од судењето, изрази жалење за злосторствата што ги извршил. – Најискрено жалам. Но за жал повеќе ништо не можат да сторам, изјави Фрицл пред судот во австрискиот град Санкт Полтен.
На денешното рочиште Фрицл првпат се појави без да го крие лицето, како што правеше изминатите денови.
„Монструмот од Амштетен“, кој 24 години во подрум од семејната куќа ја држеше во заробеништво својата ќерка Елизабет вчера ги призна сите точки содржани во обвинението.
Фрицл ја прифати и вината за заробување и убиство преку непружање на лекарска помош на новороденче, точка од обвинението која ја отфрли на првиот ден од судењето.
Психијатарката Аделхајд Кастнер, која изврши психијатриска анализа врз Фрицл изјави вчера во судот дека тој може да сноси судска одговорност. Таа сепак предупреди дека Фрицл страда од нарушување на личноста и доколку не биде примен на лекување во псхијатриска клиника, може повторно да изврши некое злосторство.
Фрицл во Амштетен својата сега 42 годишна ќерка ја држел во заробеништво од 29 август 1984 година до 26 април 2008 година во подрум специјално изграден за таа цел. Со неа преку инцестуозни односи зачнал седум деца, од кои едно починало непосредно по раѓањето.
Судењето на Фрицл започна во понеделникот. Процесот предизвика голем медиумски интерес и е следен од 200 новинари од цел свет.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град