Јапонската покуќнина „плива“ кон Хаваи

Отпадот плови со поголема брзина од очекуваното и според најновите процени дел од него до островот Мидвеј ќе стигне оваа зима.

 |   | 
pokuknina
pokuknina

Членовите на екипажот од рускиот брод СТС Палада, кои патувале од Хонолулу за Владивосток, отпадот го забележале на околу 3.000 километри од Јапонија. Отпадот плови со поголема брзина од очекуваното и според најновите процени дел од него до островот Мидвеј ќе стигне оваа зима, а остатокот до Хаваи и западниот брег на САД за две до три години.

“Не сакаме да создаваме паника, но добро е да се знае дека ѓубрето плови кон нас,“ изјавиле истражувачите од Универзитетот Хаваи, кои скоро шест месеци ја анализираат линијата на движење на отпадот што настана како последица на цунамито во Јапонија.

Јапонија на 11-ти март 2011-та беше погодена од силен земјотрес кој предизвика цунами. Во катастрофата загинаа или исчезнаа околу 20 илјади луѓе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top