Израелско- палестинските преговори во ќорсокак

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе го брани проширувањето на еврејските населби на окупираниот Западен брег на средбата со претседателот на САД Барак Обама и палестинскиот лидер.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе го брани проширувањето на еврејските населби на окупираниот Западен брег на средбата со претседателот на САД Барак Обама и палестинскиот лидер.

Palestina„Никогаш од премиерот не сте слушнале дека ќе ја замрзне изградбата на населбите. Вистината е спротивна”, рече Нир Хефец, портпарол на премиерот, коментирајќи го тројниот состанок закажан за денеска во ОН во Њујорк.

„Некои политичари… прекинувањето на изградбата или препуштањето на националната територија или нанесувањето штета на населбите во Јудеја и Самарија, го гледаат како средство, нешто што може да му помогне на Израел. Премиерот Нетанјаху не може да се вброи меѓу тие луѓе”, тврди Хефец.

Употребувајќи го израелското име за Западниот брег, тој додаде: „Населбите во Јудеја и Самарија ги гледам како ционистички потфат, а доселениците во Јудеја и Самарија како свои, наши, браќа“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top