Во израелската офанзива убиени 512 Палестинци

Крвавиот биланс на 9-дневната офанзива на Израел врз цели во Појасот Газа надмина 500 загинати Палестинци од кои една четвртина се цивили, се вели во податоци на ОН.

 |  Крсте Голабовски  | 
Israel
Израел

Крвавиот биланс на 9-дневната офанзива на Израел врз цели во Појасот Газа надмина 500 загинати Палестинци од кои една четвртина се цивили, се вели во податоци на ОН.
Палестински лекари соопштија дека загинале вкупно 512 луѓе, меѓу кои 87 деца, а повеќе од 2.450 се ранети.
Во текот на вчерашниот ден убиени се 63 Палестинци.
Израелскиот министер Јицак Херцог изјави дека палестинските екстремисти скриваат ракети и мини во станбени подрачја, во џамии и школи и оти Израел не може да толерира ракетирање на југ во државата.

GazaГрадот Газа е опколен од израелската армија со што се прекинати маршрутите за снабдување на борците од Хамас. Според очевидци, израелската армија гранатирала цели јужно од Рафах каде се ископани тунели за шверц на оружје под границата со Египет.
Неколку илјади израелски војници со поддршка од тенкови и хеликоптери, продолжуваат да навлегуваат на територијата на Појасот Газа, но според американски медиуми, израелската армија не навлегла во ниту едно палестинско населено место.
Според Би-Би-Си, израелските армиски единици завршуваат со првата етапа од копнената операција – поделба на Газа на три изолирани еден од друг, сектори.
Во меѓувреме, засилена е блокадата на административната граница на Газа. Продолжува систематското уништување на подземните тунели. Главните судири се водат во северниот дел од Газа каде се распоредени елитните воени единици на Хамас и главните ракетни позиции.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top