Израел се подготвува за напад врз Иран поради жртвите во Бургас!?

Израел се подготвува да го нападне Иран поради терористичкиот чин врз израелските државјани во Бугарија, изјавил поранешниот амбасадор на САД во ООН Џон Болтон.

 |   | 
Netanjahu
Нетањаху

NetanjahuИзраел се подготвува да го нападне Иран поради терористичкиот чин врз израелските државјани во Бугарија, изјавил поранешниот амбасадор на САД во ООН Џон Болтон.

“Треба да прифатиме дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги избира зборовите внимателно и го говори само она за кое неговата влада има цврсти докази, дека Иран е одговорен за тој напад. Кога Нетанјаху вели ’Иран е, а не Хизбула’, и ние тоа треба да го сфатиме“, вели Болтон во интервју за “Фокс њуз“, пренесуваат бугарските медиуми.

Според Болтон, Израел ќе ги нападне нуклеарните објекти на Иран, а потоа базите на Револуционерната гарда која го поддржува режимот во Техеран. Нападот во Бургас, смета Болтон, ќе се одрази сериозно врз Блискиот Исток.

burgas“Нетанјаху кажува многу јасно дека Израел ќе одговори пропорционално на терористичкиот напад во Бугарија,  може да отиде и подалеку. Постои значителна ескалација на тензиите во регионот. Тоа очигледно ќе се одрази и врз САД и мислам дека американските сили во Персискиот залив ќе бидат ставен под закана“, вели Болтон.

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак за Си-Ен- Ен вели дека нападот е извршен од “Хизбула“, “Хамас“, “Исламистички џихад“ или некоја друга терористички група на Иран или радикалните исламисти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top