Израелските воени воздухоплови рано изутрината бомбардираа повеќе цели на територијата на појасот Газа.
Во серијата воздушни напади погодени се повеќе објекти, фарми и работилници, кои и припаѓаат на палестинската исламистичка група Хамас.
Нападите се извршени во близина на градот Кан Јунис, каде што изминатата недела загинаа двајца израелски војници.
Според изјави на локалното население, израелската авијација непосредно пред нападот фрлала летоци, со кои го предупредувала населението дека ќе има бомбардирање.
Според првичните информации нема загинати во нападите, а неколку лица се здобиле со полесни повреди.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град