Владата на шведскиот премиер Стефан Левен не го преживеа гласањето доверба во Парламентот. Сега има две опции – оставка или нови избори.
Пад на шведската влада – 181 од 349 пратеници во шведскиот парламент во Стокхолм денеска гласаа недоверба за премиерот Стефан Левен. Тој мора во рок од една недела да поднесе оставка или пак да се одлучи за нови парламентарни избори.
Партијата на левицата минатата недела најави изјаснување за доверба на владата во знак на протест против владиниот план за либерализација на пазарот на изнајмување станови, а предлогот денеска го ставија на гласање десничарите. Досега Партијата на левицата редовно ја поддржуваше малцинската влада на Социјалдемократите и Зелените. Покрај Левицата, против владата денеска гласаа и десноекстремните Шведски демократи, Конзервативците и Христијанските демократи.
Левен е шведски премиер од 2014 година и е познат по умешноста да преживува политички кризи, досега успешно преброди единаесет гласања за доверба.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град