Италијански џабелебојадачи

Со повеќе од 2 милиони млади луѓе кои ниту работат, ниту учат, Италија ја има највисоката стапка на безделничка младина во целата Европска Унија.

 |  Маја Савиќ  | 
do nothing
do nothing

do nothingСо повеќе од 2 милиони млади луѓе кои ниту работат, ниту учат, Италија ја има највисоката стапка на безделничка младина во целата Европска Унија.

Од италијанскиот Завод за статистика јавуваат дека во 2009-та година, во оваа група спаѓале 21,1% од Италијаните на возраст од 15 до 29 години, речиси дупло повеќе од неактивната младина на Германија. Претходната година, оваа бројка била за 19,2% помала.

“Рецесијата најтешко ги погоди младите луѓе, бидејќи 80% од отказите им биле поделени ним. Ова е алармантен податок кој укажува на социјално исклучување. Колку подолго се без образование или работа, толку потешко ќе им биде повторно да се вратат на школо или да најдат работа. Овие луѓе остануваат на маргините”, предупредува директорката на Заводот за статистика, Лина Лаура Сабадини.

19% од младите се отпишале од училиште а само 20% од Италијаните во свои 30-ти години имаат универзитетска диплома. Најголем број на млади кои не учат и не работат живеат на сиромашниот југ на Италија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top