Исценирала киднапирање за да го тестира сопругот

Шпанската полиција уапси една жена која исценирала сопствено киднапирање, со цел да провери дали нејзиниот маж ќе плати откуп.

 |  Маја Савиќ  | 
kidnapiranje
kidnapiranje

kidnapiranjeШпанската полиција уапси една жена која исценирала сопствено киднапирање, со цел да провери дали нејзиниот маж ќе плати откуп.

Жената од непознат мобилен телефон му испратила на својот сопруг фотографија, на која и биле врзани рацете и нозете, заедно со порака во која се бара откуп од 20.000 евра. Парите биле побарани во уште неколку текстуални пораки, а сопругот е предупреден да не ја информира полицијата, но тој сепак тоа го направил.

Полицијата покренала истрага и го забележала нејзиниот автомобил пред трговски центар во градот Гандија, на брегот на Средоземното Море.

– Жената, која патувала сама и била во совршена здравствена состојба, наводно била жртва на киднапирање, соопшти полицијата.

Таа прво и кажала на полицијата дека била ослободена тоа утро, но подоцна признала дека го измислила сопственото киднапирање за да „утврди што нејзиниот сопруг би направил за неа“.

Шпанскиот суд во 2008 година осуди една жена на 3,5 години затвор, откако ја прогласи за виновна поради изнуда, бидејќи седумпати исценирала киднапирање на своите деца.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top