Иранската агенција за телекомуникации најави трајна суспензија на e-mail сервисот на компанијата Google.Inc и наскоро отпочнување со национален e-mail сервис, објави вечерва весникот Вол Стрит Џурнал.
Иранската агенција за телекомуникации најави трајна суспензија на e-mail сервисот на компанијата Google.Inc и наскоро отпочнување со национален e-mail сервис, објави вечерва весникот Вол Стрит Џурнал.
До доцна попладне не беше јаасно какво влијание ќе има оваа одлука на сервисот на Google во Иран и дали таа е вeќе применета, наведе американскиот весник.Истиот извор додаде дека ирански претставници и во минатото прогласувале технолошки исчекори, кои подоцна не можеле да ги спроведат во дело.
Google се воздржа од првичен коментар на иранската најава.
Ирански претставник рече дека мерката има за цел да го поттикне локалниот развој на интернет технологијата, како и да изгради доверба меѓу народот и владата.
Американскиот Стејт департмент денеска не можеше да потврди дали Иран навистина планира да го суспендира GoogleGmail, но истакна дека напорите на Иранците да го блокираат пристапот до интернет нема да успее.
Иран денеска ја одбележува 31-годишнината од Исламската револуција, со која беше соборен од власта претходниот режим на шахот Реза Пахлави и се создаде клерикална држава.
Властите го повикаа населението на Иран активно да учествува во манифестациите и со тоа да демонстрира верност кон исламскиот поредок
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град