Инвазија од монструозни стаорци во Техерани

Техеран се соочува со голема наезда на стаорци тешки и до пет килограми, а во иранската престолнина ги има речиси двојно повеќе од жители, јавија локалните медиуми.

 |  Голабовски Крсте  | 
staorec
стаор

Техеран се соочува со голема наезда на стаорци тешки и до пет килограми, а во иранската престолнина ги има речиси двојно повеќе од жители, јавија локалните медиуми.

Иранскиот главен град отсекогаш имал проблем со стаорците, а секоја пролет и топењето на снегот од блиската планина Алборза предизвикува подземни поплави што ги тера стаорците да излезат на површината.
Во 2000 година градските власти се обидоа со голема акција да ги отрујат глодарите, но тоа не го реши проблемот. Напротив, како да ги направи поотпорни на отрови.

staorecСега во градот со 12 милиони жители има речиси 25 милиони стаорци, според проценките на познавачите.
Советникот за животна средина, во градската управа, Исмаил Карам, вели за иранскиот портал Kudsonline.ir дека стаорците изгледаат поголеми и некако поинакви, а за такви промени вообичаено треба милиони години еволуција.
Овојпат стаорците се тепаат и со снајпери. Основана е посебна единица на најпрецизни воени стрелци со опрема за ноќен лов. Но, до сега успеале да убијат само 2.000 глодари.

„Тоа е војна која трае седум дена во неделата, 24 часа на ден. Дење ги труеме со хемиски отрови, а ноќе ги гаѓаме со снајпери”, вели член на градската власт, Хади Хајдарзадех

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top