Индијанците бараат извинување од Обама заради шифрата „Џеронимо“

Индијанското племе Апачи побара извинување од американската администрација бидејќи нивни командоси користеле име на нивниот легендарен лидер Џеронимо како шифрирано име за Осама бин Ладен.

 |  Маја Савиќ  | 
Geronimo
Џеронимо

Индијанското племе Апачи побара извинување од американската администрација бидејќи нивни командоси користеле име на нивниот легендарен лидер Џеронимо како шифрирано име за Осама бин Ладен

Geronimo– Драго ни е што САД биле успешни во својата мисија против Бин Ладен, но поврзувањето на Џеронимо со меѓународен терорист само одржува континуитет на старите стереотипи за Апачите, се вели во писмото од Џеф Хоусер, претседавач со Советот на племето Чирикахуа Апачи кои сега жиеват во Оклахома, упатено до претседателот Барак Обама.

Тој потсетува дека во 19 век Апачите и Џеронимо се прикажувани како дивјаци.

– Такво прикажување било искористено како оправдување за присилно преселување од нивната земја и држење во статус заробеници. Поврзување на имињата на Џеронимо со озогласен терорист само го засилува тој лажен и клеветнички стереотип, се истакнува во писмото.

Во време додека Чирикахуа огранок на Апачите живееле на границата на САД со Мексико, Џеронимо со години го предводел своето племе во борбите со нивните војски се додека во 1886 година не се предал. Властите во САД тогаш целото племе го преселиле во Оклахома.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top