Според прогнози на Федералното биро за пребројување на населението, околу 2025 година најгусто населена земја во светот ќе биде Индија, пренесоа светските агенции.
Според американски експерти кон 2025 година населението на Кина ќе почне да се намалува.
Според оценки на бирото, во Кина врвот на бројноста на населението ќе се достигне во 2026 година и ќе биде под 1,4 милијарда лица. Претходно се претпоставуваше дека ова ниво ќе биде повисоко.
Според американски експерти, сегашната динамика се објаснува, пред се, со падот на таканаречениот коефициент на плодност или очекуваниот број раѓања на секоја жена.
Во Кина овој показател во текот на 1990 година беше 2,2, а од 2000 година не надминува 1,6.
Во Индија сега тој е 2,7, што значи дека прирастот на населението во Индија во моментов е 1,4 отсто годишно или речиси три пати повеќе, отколку во Кина.
Според американски податоци, во Индија сега живеат над 1,156 милијарда лица. Околу 2025 година таа веројатно ќе брои 1,396 милијарда лица.
За Кина податоците покажуваат сегашни 1,324 милијарда лица и веројатни 1,395 милијарда лица во 2025 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град