Индиската јавност е згрозена од барањето на Албанија за префрлање на моштите на хуманистката Мајка Тереза од Индија во Албанија.
Индиската јавност е згрозена од барањето на Албанија за префрлање на моштите на хуманистката Мајка Тереза од Индија во Албанија.
Албанската агенција Балканвеб пренесува дека индиската Влада, но и академици и претставници на Мисиите на хуманоста, го оценуваат албанското барање како срамно.
Високи функционери на индиската Влада, како што пренесува истата агенција, велат дека и покрај тоа што досега не е пристигнато официјално барање, тоа ќе биде неприфатливо за Индија.
Хуманитарната Мисија на Мајка Тереза во Индија наведува дека Албанија не ја прифати Мајка Тереза во времето на комунизмот и дека сега таквото барање треба да се фрли во ѓубре.
Реакциите во Индија следеа по најавите на албанскиот премиер Сали Бериша, покрај враќањето на моштите на кралот Ахмед Зогу од Франција во Албанија, да се достават и барања за преземање на моштите на историски и политички личности со албанско потекло.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град