Инцидент во Црното море: Руски брод пукаше на британски разурнувач

Руски воен број испука куршуми на предупредување кон разурнувачот на британската кралска морнарица ХМС Дефендер, откако навлегол во руските води на Црното море, а рускиот млазен авион фрлил бомби на неговата рута, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

 |   | 

Според министерството набрзо потоа Дефендер ги напуштил руските води на северозападниот дел на Црното море, каде дошло до инцидентот.

Разурнувачот Дефендер на британската морнарица на 23-ти јуни во 11:52 движејќи се по северозападниот дел на Црното море, ја помина државната граница на Руската Федерација и навлезе три километри во морето во областа на ртот Фиолент“, стои во соопштението. Разурнувачот бил предупреден дека ќе биде употребено оружје ако ја премине границата на Русија, но не реагирале на предупредувањето.

После тоа, како што наведува руското министерство, пограничниот брод на руската флота испалил два предупредувачки куршуми, а после одредено време авион Сухој-24 М извел предупредувачко бомбардирање во правец на движење на британскиот разурнувач, пишува Спутник.

После овој инцидент военото аташе на амбасадата на Велика Британија во Москва повикано е во Министерството за одбрана на Руската Федерација, пренесуваат руските медиуми.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top