Худини-уметност и магија

Лисици, окови, комора за измачување и синџири се само дел од големата изложба на предмети користени од светски познатиот магионичар, Хари Худини.

 |  Маја Савиќ  | 
Houdini
Худини

HoudiniЛисици, окови, комора за измачување и синџири се само дел од големата изложба на предмети користени од светски познатиот магионичар, Хари Худини.

Во пресрет на денот на неговата смрт, 31 октомври, во Еврејскиот музеј на Менхетн во Њујорк вчера беше отврена изложбата под наслов „Худини, уметност и магија“, на која се претставени голем број фотографии од овој легендарен магионичар како и предмети користени во неговите настапи.

„На изложбата се претставени историски постери, плакати, фотографии, филмови и магиски помагала на славниот Худини. Има изложено и предмети кои се користат од денешните илузионисти“, изјави Брук Камин, кустос во музејот на Менхетн.

Големиот мајстор Хери Худини е роден во Будимпешта во 1874 година и уште како дете заедно со своето семејство се селат во Висконсин. Во 1890 почнува да работи како магионичар во циркус и ја започнува својата славна кариера.

Најпознат е по своите точки со ослободување од окови и синџири, дури и во ситуации кога врзан бил ставан во кафез и спуштен под вода.

Неговиот живот згаснува токму на празникот „Ноќта на вештерките“ во 1926 година. Иако постојат основани убедувања дека смртта настанала како последица од давење во вода, по неуспешниот обид да се ослободи од синџирите, кустосот Камин тврди дека Худини всушност починал од воспаление на слепото црево и додава,

„Без разлика како починал, оваа изложба е посветена на тоа како тој живеел. Колкав бил неговиот талент и впечатокот што го оставил на публиката“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top