Хрватскиот премиер Иво Санадер изјави дека е сигурен оти Хрватска на почетокот на април ќе биде примена во НАТО и дека нема да биде организиран референдум за членство во Алијансата.
Хрватскиот премиер Иво Санадер изјави дека е сигурен оти Хрватска на почетокот на април ќе биде примена во НАТО и дека нема да биде организиран референдум за членство во Алијансата.
„НАТО не може да чека. Уверен сум дека Хрватска на почетокот на април на Самитот на НАТО во Стразбур и Келн ќе биде примена. Хрватска досега многу направи за НАТО и приемот во членството е последен чекор“, истакна Санадер во интервју за австриската новинска агенција АПА.
Тој посочи дека досега постојат само гласини според кои Велика Британија, Холандија и Белгија можат да го блокираат пристапувањето на Хрватска во Европската унија поради недоволната соработка со Хашкиот трибунал. Санадер нагласи дека Хрватска мора во целост да соработува со Хашкиот трибунал и тоа не само поради „меѓународната ситуација, туку и затоа што тоа го бара националното законодавство“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град