Озогласениот затвор „Гвантанамо“ е лоциран во заливот Гвантанамо во југоисточна Куба.
Озогласениот затвор „Гвантанамо“ е лоциран во заливот Гвантанамо во југоисточна Куба. Местото во 2002 година е прилагодено за задржување на политички притвореници од војната во Авганистан, а подоцна и од војната во Ирак.
Првите цврсти простории се изградени во мај 2012 година. Илјада војници ја контролираат земјата од двете страни на јужниот дел на Гвантанамскиот залив и не дозволуваат пристап од морето. Територијата е земена под наем со договор од 23-ти февруари 1903 година за цена од 4.085 долари годишно, и секоја година се исплаќа со чек.Фидел Кастро примил ваков чек само еднаш во 1959 година – прва во неговото владение). Кубанската влада смета дека присуството на Американците во Гвантанамо претставува нелегална окупација на овој регион.
Обејктите за притвор на лица се поделени во три дела: „Делта“, „Игуана“ и „Екс – Реј“, од кои последните два се затворени.
Затворот вреди 54 милиони долари. Во него се задржуваат стотици осомничени за тероризам, воени престапници и учесници во атентатот од 11-ти септември 2001-та година. Затворениците се од 40 држави, но пред се’ од Саудиска Арабија, Авганистан и Јемен.На 11-ти јули 2006-тата година САД соопштија дека овие притвореници не се под заштита на Женевската конвенција за воени затвореници од Втората светска војна.
Против условите во затворот се спроведоа многу протести и голем број организации алармираат за нехуманите услови во него. На затворените во „Гвантанамо“ не им е дозволена правна помош, а испрашувањата се спроведуваат со мачење – физичко насилство, забрана за спиење, изложување на гласни шумови, задржување под вода во продолжение со месеци дури и години.
Голем дел од притворениците не можат да бидат судени поради недостиг на докази, но не можат да бидат и ослободени, бидејќи би можеле да се вратат на бојното поле, а никој не сака да преземе политичка одговорност да ги прогласи за безопасни.
„Гвантанамо не е само симбол за злоупотреба на лошо однесување, тој е симбол на прекршување на меѓународните принципи за заштита правата на човекот. Тој симбол продолжува да опстојува и денес бидејќи во ’Гвантанамо’ се’ уште има затворен лица, кои се држат на неопределено време и на произволен принцип, без да се подигне обвинение против нив или да се водат досиеја“, вели експертот од „Амнести интернешнал“, Роб Фријар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град