Пензиониран генерал на НАТО тврди дека една од причините поради кои холандската армија не успеа да ја заштити Сребреница од масакрот на илјадници босански муслимани, било присуството на хомосексуални војници.
Џон Џ. Шихан ја дал оваа изјава за време на сослушување на американскиот Сенаторски комитет на армискиот сервис, посветено на политиката “не прашувај, не кажувај”, која им забранува на војниците во армијата на САД да ја откриваат својата хомосексуална определба.
Поддржувањето на оваа политика, тој ја поткрепува со тврдењето дека геј војниците ја поткопале подготвеноста на холандските сили во Сребреница. Лошо предводен и ослабен, баталјонот бил поразен од српската војска, која уби околу 8.0000 муслимански мажи и момчиња.
На прашањето дали холандските лидери му потврдиле дека најголемиот масакр во Европа по Втората Светска Војна се случил токму поради војниците хомосексуалци, Шихан одговорил потврдно. Коментирајќи го случајот, потпаролот на Министерството за одбрана на Холандија ги оценил изјавите како тотална бесмислица.
“Не можам да поверувам дека човек од таков ранг може да изјави такво нешто. Никогаш претходно немам слушнато за овие негови тврдења од ниту еден извор”, изјавил гласноговорникот.
Холандија е една од првите земји во светот која и стави крај на сексуалната дискриминација во армијата, дозволувајќи им на геј луѓето да служат војска уште пред падот на Советскиот Сојуз. Многу историчари сметаат дека нејзините мировни сили на Балканот лошто опремени и недоволно подготвени поради оперативните ограничувања наметнати од Обединетите Нации.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град